Алкалоид ја декласира Струга, шест од шест за ракометарите на Лазаров!
Избраниците на Кире Лазаров беа одлични од самиот почеток на дуелот, а со серија од 5-0 избегаа на 9-2 и ја најавија својата победа. До крајот на првите 30 минути продолжи да расте предност на Алкалоид која достигна до 17-7.
Алкалоид водеше и со +12 во вториот дел (26-14), по што Струга влезе во мини-серија и намали на 18-26, меѓутоа повторно го загуби ритамот и му дозволи на домаќинот да триумфира со 35-20.
Најефикасен кај Алкалоид беше Ненад Костески со 13 голови, додека Богдан Мијушковиќ постигна шест погодоци за Струга.
Екипата од Автокоманда има шест победи по шест одиграни кола, колку што има и Охрид, додека по пет триумфи имаат Вардар и Пелистер.