Откриено зошто фудбалерите прават дупки на задниот дел од копачките

Во изминатиот период можеше да се забележи дека некои фудбалери решиле да направат дупки на нивните копачки, а многумина помислија дека станува збор за некоја нова мода, меѓутоа тоа не е вистина.

Филипе Кутињо, Роберто Фирмино, Матс Хумелс и други се појавија на терените со копачки со дупка на задната страна, а причина за тоа е спречување на здравствен проблем.

Спортистите се решиле на таков потег за да се спасат од ефект на т.н. Хаглундов синдром, односно чест проблем со кој се соочуваат фудбалерите кои носат копачки.

Проблемот се појавува при носење на нови копачки, посебно кај тие со цврста пластика, како копачките, а токму со овој ефект се доаѓа до деформитет кај коска која предизвикува постојана болка.

Иако технологијата во производство на копачки направи голем напредок во изминатите периоди за да се заштити здравјето на фудбалерите, сепак дел од играчите се решаваат на стариот метод, а тоа е правење дупки на копачките.