Милевски ептен насмеан ги пречека фудбалерите пред дуелите со Летонија и Ерменија (ФОТО)

Македонските фудбалски репрезентативци денеска го имаа првиот собир во еден од скопските хотели, каде што беа пречекани и насмеаниот и расположен селектор Благоја Милевски.

Пред жолто-црвените се две гостувања и тоа кај Летонија (10 октомври) и Ерменија (13 октомври), што значи дека најголем дел од подготовките за овие дуели ќе бидат направени надвор од нашата држава.

Македонија по првите две кола е првопласирана на табелата во групата Ц4 со три бода по ремито со Фарски острови и триумфот над Ерменија минатиот месец.