Трајковски нема да игра против Летонија и Ерменија – неизвесен е и Чурлинов!

Фудбалерот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски не е подготвен за максимален напор и нема да биде дел од подготовките на македонската репрезентација за претстојните натпреварите од Лигата на нации против Летонија и Ерменија.

Хрватскиот клуб преку лекарскиот тим информираше за здравствената состојба на Македонецот, кој веќе одреден период има проблем со мускулот на ногата, истегнување кое го спречува да биде во конкуренција за клупски и репрезентативни настапи. Поради истегнување на мускулот на ногата неизвесен е и настапот на Дарко Чурлинов, кој се повреди на синоќешниот натпревар на Јагелонија против Легија од полското првенство.

Стручниот штаб во репрезентацијата засега нема да повикува дополнителни фудбалери.