Грчки фудбалер загина во стравична несреќа – во запален автомобил (ВИДЕО)

Грчкиот фудбалер, Христос Кермелидес (27 години), загина викендов во сообраќајна несреќа на патот Лариса – Кардица, откако неговиот автомобил се запалил по удар во столб.

Околностите за несреќата на членот на грчкиот третолигаш Ахил Фарсалона се уште не се познати, освен дека сето тоа се случило во зори по раскрсницата кај Новите гробишта во Лариса.

„Изразуваме тага и искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на Христос Кермелидис, кој неочекувано почина на 27-годишна возраст. Нека е лесна неговата земја“, напишаа од клубот.