Манчестер Сити одвоил голем буџет за замена за Родри во јануари!

Англискиот шампион нема да штеди за да донесе соодветна замена за повредениот Родри кој е клучен фудбалер од средниот ред и неговото отсуство е сериозен удар.

Според дел од англиските медиуми, Манчестер Сити е подготвен да потроши дури 80 милиони фунти во јануари.

Нејасно е дали таа сума ќе биде потрошена на еден фудбалер или на повеќе играчи кои ќе треба да го надополнат отсуството на Родри.

Во клубот се свесни дека без Родри тешко ќе биде да се издржи целата сезона на највисоко ниво во поглед на резултатите и да се одбрани трофејот од Премиерлигата.