Јувентус постигна договор со Погба за неговата иднина!
Погба доби намалување на суспензијата од четири години на 18 месеци, па така од јануари може да се врати на тренинг, а од март на официјални натпревари, но очигледно во дресот на друг тим.
Преговорите меѓу двете страни почнале по одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана, по што постигнале договор.
Погба сака да игра фудбал, а очигледно нема да ја добие посакуваната минутажа кај тренерот Тиаго Мота и затоа најдобро е да го напушти клубот од Торино.
Францускиот фудбалер во кариерата играше за Манчестер јунајтед и Јувентус, а вториот мандат кај „Старата дама“ го почна во 2022 година.