Драма во 99. минута: Демировиќ прво промаши пенал, па го спаси Штутгарт од пораз!
Гендри погоди во финишот на првото полувреме за водство на Хофенхајм од 1-0, а водството на гостите траеше сè до 99. минута.
Демировиќ ја презема одговорноста за да го изведе пеналот во 99. минута, но неговиот обид го одбрани голманот на гостите, меѓутоа одбиената топка стигна до Босанецот кој не згреши од вториот обид.
Штутгарт се наоѓа на осмото место со девет бодови, додека Хофенхајм е на 16. позиција со четири бода.
ERMEDIN DEMIROVIC GOAL!!!! He ties the game at the death of it! pic.twitter.com/ZEhfgifTch
— Bosnian Fudbal (@bosnian_fudbal) October 6, 2024