Невнимание на Баерн во 94. минута го чинеше два бода во Франкфурт! (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен одиграа возбудлив натпревар со шест погодоци, домаќините со гол во 94. минута се изборија за 3-3 и поделба на бодовите.

Во дербито на 6. коло во Бундеслигата, Ајнтрахт Франкфурт успеа да му откине два бода на Баерн Минхен и со гол во 94. минута да му ги помати сметките на фаворитот.

Гостите поведоа по 15 минути игра, Кин Мин Џае донесе 0-1. Сепак, за брзо време се случи целосен пресврт, Мармуш изедначи на 1-1 во 22. минута, а Екитике донесе 2-1 за домаќините во 35. минута од мечот.

Потоа следеша одговор на „баварците“, Упамекано се погрижи на пауза да се замине со 2-2, а Олисе на стартот од вториот дел реализираше за нов пресврт и 2-3.

И кога се чинеше дека лидерот на табелата ќе ги однесе трите бода, Ајнтрахт направи контра во 94. минута а Мармуш го матираше Нојер за 3-3 и огромна радост на „Дојче Банк Парк“.