Сара Ристовска меѓу најдобрите против Есбјерг во Лигата на шампиони

Македонската ракометна репрезентативка, Сара Ристовска беше меѓу најдобрите ракометарки на Рапид Букурешт во мечот од Лигата на шампионите кај дански Есбјерг.

Романскиот тим беше поразен со 39-32. Ристовска постигна три гола со што заврши како трет стрелец во својот тим на овој натпревар.

Ива Младеновска не беше во составот на Брест кој победи на гости кај Лудвигсбург со 33-26.