Билбао промаши два пенали, па беше сурово казнет: Жирона победи без Миовски (ВИДЕО)

Екипата на Жирона во драматичен натпревар против Атлетик Билбао славеше победа од 2:1.

Гостите од Билбао први имаа голема прилика да дојдат до преднсот, но не искористија пенал во 28. минута. Казната стигна само десетина минути подоцна кога Асприлиа погоди за 1-0.  Билбао сепак не замина со негатива на паузата и брзо израмни на 1-1.

Се играше 58. минута кога госатинскиот тим доби уште еден пенал, а сега не реализираше Херера.

Промаши Билбао и уште неколку одлични прилики, голманот Газинга блескаше на голот. Казната за сите промашувања стигна во деветтата минута од судиското продолжение и тоа од пенал. Кристијан Стуани ја презема одговорноста и донесе три бода за својот тим.

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.