Переира брутално го претепа предизвикувачот и остана шампион во УФЦ (ВИДЕО)

Алекс Переира го одбрани шампионскиот појас во полутешка категорија, откако во борбата на вечерта во синоќешниот УФЦ 307 во Солт Лејк Сити буквално го „масакрира“ Калил Рунтри.

Бразилецот славеше со технички нокаут во четвртата рунда, по низата тешки удари кон предизвикувачот, кој му пружи голем отпор на бранителот на титулата. Раунтри дури ја доби првата борба според ММА стручњаците со 10-9, а во втората Переира израмни со истиот резултат. Шампионот доминираше во октагонот во третата рунда и неколкупати во серијата му нанесе сериозна штета на својот ривал, како со раце, така и со удари со нозе.

Така продолжи и во четвртиот дел од мечот, кога предизвикувачот веќе беше облеан во крв и едвај стоеше на нозе. Судијата тогаш реши да ја прекине борбата, што за Переира значеше и одбрана на шампионскиот појас во полутешка категорија.