Поранешен клуб на Пандев ставен на продажба
Извршниот директор на Џенова, Андрес Блазкез соопшти дека финансиската состојба на клубот не е загрозена, но во исто време не понуди гаранции дека калчолигашот нема да ги продаде најдобрите фудбалери.
Џенова по пет одиграни кола се наоѓа на 17. место во Серија А, односно блиску до зоната за испаѓање.
Пандев играше за Џенова дури седум години, односно од 2015 до 2022 година, при што настапи на 187 меча, а постигна 32 голови и 12 асистенции.