Вардар ќе го нагости шампионот, лидерот Шкендија гостува во Кратово
По дебаклот во Тетово од екипата на Шкендија, Вардар ќе се обиде да се рехабилитира против Струга, но и овој тим е поквалитетен од црвено-црните. Стружани сакаат да го сочуваат тронот, добро се засилија во летниот преоден рок и на секој меч атактуваат на трите бода.
Ова ќе биде и дуел на Струга против нивниот поранешен тренер Срѓан Захариевски. По неговото доаѓање во Вардар, скопскиот тим покажа живост, но брзо потоа врза два порази во низа, од Силекс и Шкендија.
Токму овие две екипи денеска имаат меѓусебен дуел, Силекс ја пречекува Шкендија на стадионот во Кратово. Тетовскиот тим е лидер на табелата во ПМФЛ, а тимот на Васоски е на високото четврто место и веќе покажа дека против секој може да освојува бодови.
Шкупи со нов тренер ќе ја пречека Брера. Алпарсан Ердем денеска дебитира на кормилото на чаирчани, тој е третиот стратег оваа сезона кој ќе се обиде да донесе подобри резултати.
Во Битола интересен ќе биде дуелот меѓу Пелистер и Тиквеш, а во Маџари Гостивар е фаворит против Беса, во ова коло уште се среќаваат и екипите на Воска и Работнички.
Сите натпревари почнуваат од 14 часот.
ПМФЛ 9. коло:
Вардар - Струга
Силекс - Шкендија
Шкупи - Брера
Пелистер - Тиквеш
Гостивар - Беса
Воска - Работнички
Табела: Шкендија 17, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 6, Воска 5.