Спалети ги избра репрезентативците, го повика и синот на Малдини!

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучано Спалети ги избра фудбалерите за следните натпревари во Лигата на нации.

Италија ќе се соочи против Белгија и Израел, а во составот на Спалети се најде и Даниел Малдини, односно синот на легендарниот Паоло Малдини.

„Аѕурите“ се на првото место во групата 2 од Лигата на нации со шест бодови, односно три повеќе од Франција и Белгија.