Ливерпул го победи Кристал Палас, но го загуби Алисон! (ВИДЕО)

Поранешниот англиски и европски шамион Ливерпул славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 1-0, но победата падна во сенка на повредата на првиот голман на гостите, Алисон Бекер.

Диого Жота по само девет минути го пронајде патот до мрежата на Дин Хендерсон, а Кристал Палас се обиде неколку пати да го возврати ударот, меѓутоа не успеа во намерата.

Проблемите за „црвените“ почнаа во 79. минута кога се повреди Алисон, па на негово место мораше да влезе Витеслав Јарош, кој сепак успеа да ја зачува мрежата до крајот на мечот.

Ливерпул со оваа победа стигна до 18 бодови и ја зголеми предноста на четири бода пред Манчестер сити и Арсенал.