ПСЖ го руши светскиот трансфер-рекорд за ѕвезда на Барселона

Францускиот гигант ПСЖ пред неколку години постави трансфер-рекорд откако плати 222 милиони евра за услугите на Нејмар од Барселона, а сега би можела да се повтори историјата и двете екипи повторно се во главна улога.

ПСЖ ја смени својата политика и почна да ангажира помлади фудбалери, а на листата со желби на тренерот Луис Енрике се наоѓа големиот талент Ламин Јамал од Барселона.

Шпанските медиуми се подготвени да го урнат претходниот трансфер-рекорд со цел да го добијат потписот на Јамал кој игра извонредно во дресот на Каталонците.

Јамал досега настапи на 61 меч за Барселона во сите натпреварувања, а притоа учествуваше во постигнување на 26 погодоци.