Димитриевски закован на клупа, Валенсија остана во зоната за испаѓање

Некогашниот шпански гигант и шампион на оваа земја Валенсија продолжува со лошите резултати во домашното првенство.

Вечерва тимот од Местаља гостуваше во Мадрид кај Леганес и одигра без голови со што не успеа да го поправи својот пласман на табелата. Натпреварот беше исклучително здодевен, без многу шанси и со само еден директен удар кон голот, упатен од гостинските фудбалери, па и најреален резултат беше постигнатиот.

Валенсија по девет кола има само шест бода, но се уште е во зоната за испаѓање со можност, ако Лас Палмас и Ваљадолид утре победат, да падне на последната позиција на табелата. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и овој натпревар го проследи од клупата за резервни играчи.