Две асистенции и гол за Лукаку: Наполи го прегази и Комо!

Наполи запиша уште една победа во Серија А, откако вечерва славеше со 3-1 против Комо на домашен терен во седмото коло од домашниот шампионат.

Скот Мектоминеј уште во првата минута го матира голманот на гостите по асистенција на Ромелу Лукаку, додека во продолжение од првото полкувреме Стрефеца погоди за 1-1.

Лукаку на почетокот на вториот дел од пенал ја врати предноста на Наполи од 2-1, додека Давид Нерез ги постави конечните 3-1.