Газдата на Манчестер јунајтед го прекина молкот: Тен Хаг е добар тренер, но...

Манчестер јунајтед има ужасен почеток на сезоната, иако повторно вложи многу пари за засилувања, па поради тоа почнаа шпекулациите дека тренерот Ерик Тен Хаг ќе добие отказ.

Новинарите конечно стигнаа и до изјава од сопственикот на премиерлигашот, Сер Џим Ратклиф кој кажа дека тој не одлучува за иднината на Холанѓанецот.

„Мислам дека не сакам да одговорам на прашањето. Можам да ви кажам дека ми се допаѓа Ерик. Мислам дека е добар тренер, но на крајот од денот јас не одлучувам за неговата иднина. Постои тим кој ќе реши што е најдобро за екипата. Нашата цел е да го вратиме Манчестер јунајтед на победнички патеки“, кажа Ратклиф.

„Ѓаволите“ по шест одиграни кола се наоѓаат на 13. место во англиското првенство со само седум освоени бодови.