Мурињо пред враќање во Премиер лигата, но во клуб кој не бил шампион 36 години?
Во овој случај, заинтересиран за него е Евертон, односно следниот газда на клубот Ден Фридкин преку неговата компанија Фридкин Груп која неодамна купи 94% од акциите и чека само на дозвола од Премиер лигата за да ги преземе “карамелите“. Богатството на Фридкин се проценува на 5,7 милијарди долари и од него се очекува да го врати Евертон на славните патеки, а прв чекор кон тоа би бил ангажманот на Мурињо.
Англиските медиуми тврдат дека Португалецот не ја одбил понудата и дал до знаење дека може да преговара за менаџерската позиција. Пред почетокот на оваа сезона тој го презеде Фенербахче, но стартот на првенството не е според очекувањата и нема да биде изненадување ако си замине наскоро. Интересно е тоа што Мурињо веќе соработуваше со Фридкин Груп затоа што таа компанија е сопственик и на калчолигашот Рома чиј тренер беше искуснсиот стручњак. Иако минатата сезона доби отказ, тој остана во добри односи со газдата.
Што се однесува до Евертон, тоа е клуб со девет шампионски титули во англиското првенство и петти најтрофеен во оваа конкуренција, но последниот пехар го освои во 1988 година.