Рудигер го избра најдобриот фудбалер со кого играл

Низ соблекувалната на Реал Мадрид поминаа некои од најдобрите фудбалери на сите времиња, а сега дефанзивецот Антонио Рудигер го избра најдобриот фудбалер со кој тој играл.

Настапувајќи за Штутгарт, Рома и Челси, Рудигер играше со многу големи имиња на светскиот фудбал, а по доаѓањето во Мадрид нивниот број само се зголеми.

Сега тој се потсети на моментот кога пристигнал.

„Беше 9 мај кога потпиша за Реал, дојдоа во Лондон. Чувството беше неверојатно. Не можев да си поверувам. Ми подарија дрес и денес го имам“, откри Рудигер.

За најдобар играч со кого играл го избра Карим Бензема.

„Би можел да кажам Лука Модриќ, Тони Крос или Еден Азар, сепак морам да го изберам Бензема“, истакна дефанзивецот.

Бензема и Рудигер заедно настапуваа за Реал пред Французинот да се пресели во Ал Итихад.