Најтрофејниот германски играч во историјата се враќа на „Бернабеу“

Тони Крос се прости од Реал Мадрид и навивачите на крајот на минатата сезона, а во пензија замина набрзо потоа. Сега Германецот ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но само во уилога на гледач.

Германецот ќе биде специјален гостин во утрешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Виљареал.

Во својот подкаст на неговиот брат Феликс, Крос зборуваше и за одлуката да се пензионира.

„Одлуката е конечна и мораме тоа да го прифатиме, нема смисла да се враќаме на тоа. Тоа што луѓето го зборуваат е комплимент, но треба да се прилагодиме и да продолжиме. Реал Мадрид продолжи и кога замина Кристијано Роналдо, а потоа клубот по долги години го напушти и Серхио Рамос. Секогаш има начин да се прилагодитите“, изјави Крос.

Признава дека му е чудно да ги гледа натпреварите на Реал Мадрид.

„Малку ми е чудно да ги гледам натпреварите на Реал, преспективата е поинаква и понатаму се чувствувам како да сум дел од тимот и тоа не можам да го игнорирам“, додаде Германецот.

Крос со 34 титули е најтрофејниот играч во историјата на германскиот фудбал, а со Реал освои 21 титула. Дресот на „кралевите“ го носеше од 2014 до оваа година.