Франција ќе ги нападне Израел и Белгија без Мбапе!

Француската фудбалска репрезентација овој месец ќе се соочи против Израел и Белгија во Лигата на нации, а селекторот Дидие Дешам во составот не го повика напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

Дешам смета дека неговите избраници ќе можат да остварат победи против големите ривали во натпреварувањето на УЕФА, иако ќе биде без услугите на Мбапе кој ќе остане во Мадрид.

Мбапе ќе остане во Мадрид за целосно да се рехабилитира по повредата и се очекува негов следен настап по репрезентативната пауза да биде на 19 октомври против Селта виго во Ла Лига.

Франција се наоѓа на втората позиција со три бодови во групата 2, додека лидер е Италија со шест бода.