Жестока казна за Атлетико за инцидентите на дербито со Реал

Фудбалската федерација на Шпанија му изрече остра казна на Атлетико Мадрид за инцидентите и прекинот што се случија на неделното дерби против Реал, на стадионот Метрополитано.

Кон средината на второто полувреме, главниот судија го прекина мечот на околу половина час поради тоа што најжестоките навивачи на домашниот тим почнаа да фрлаат тврди предмети, вклучувајќи запалки и шишиња, кон противничкиот голман Тибо Куртоа. Откако хаосот се смири, фудбалерите се вратија на терен и натпреварот продолжи, а заврши со нерешен резултат (1-1).

Атлетико Мадрид сега ќе мора да плати парична казна од 45 илјади и на три натпревари да го затвори долниот дел од јужната трибина, односно делот каде што се наоѓа навивачката група. За шпански услови ова е голема казна ако се знае дека досега РФЕФ изрекуваше парични глоби од 3-4.000 евра.

Пред два дена Атлетико се произнесе по повод инцидентот и изрече доживотна забрана за влез на Метрополитано на еден свој навивач.