Ѓоковиќ со голем мотив ќе игра во Шангај: Србинот ја откри целта!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ како четврти носител се враќа на турнирот во Шангај кој го освојуваше четири пати, а на прес-конференцијата кажа дека има дополнителен мотив за триумф.

Целта му е на овој мастерс турнир да дојде до својата јубилејна 100. АТП титула.

„Сакам да играм во Кина, а оваа година имам и екстра мотив, сакам тука да ја освојам 100. титула во кариерата. Секогаш сум имал многу успех тука, како и во Пекинг. Ми се допаѓа поддршката која ја имам тука“, изјави Ѓоковиќ.

Новак како четврти носител е слободен во првото коло, а во второто ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Алекс Микелсен и Јунчаокет Бу.