Хрватите удрија по Србинот кој го коментираше Динамо: Не е ова уметничко лизгање! (ВИДЕО)

Динамо Загреб одигра возбудлив натпревар против Монако кој заврши 2-2, но српскиот коментатор на „Арена“ без емоции ги проследи головите на хрватскиот шампион, па доби сериозни замерки на тоа.

Српскиот коментатор ладнокрвно го коментираше натпреварот на Динамо Загреб, без да внесе емоции кои вообичаено треба да следат при головите.

На јутјуб под видеото од „Арена“, Хрватите имаа што да кажат за српскиот коментатор, повеќето од коментарите беа духовити.

„Секоја чест за смиреноста на коментаторот при головите на Динамо, тоа се вика професионализам“, „Коментаторот е баш професионален во својата работа. Секоја чест. Тешка објективност“, „Овој како да коментира уметничко лизгање“, „Зошто сте вработиле робот да коментира натпревар. Повеќе живот има во мојот тепих“, се дел од коментарите.