Ѓоковиќ има нова мисија - ќе го спасува светскиот тенис!

Откако ги обедини сите трофеи во тенисот, Новак Ѓоковиќ тргнува во пресметка со АТП и растоварување на напорниот распоред на турнири.

Пред неколку години тој ја основаше организацијата ПТПА која ги застапува правата на тенисерите и пред се тежнее да ја подобри положбата на оние кои не се при врвот на АТП листата. Во последно време речиси сите се жалат на на пренатрупаниот календар, па Ѓоковиќ пред крајот на кариерата ќе се позанимава со тоа прашање.

„ПТПА ангажираше неколку глобални адвокатски фирми со цел целосно да ја смени структурата на тенисот. Главната поента на оваа акција е во тоа што просечниот тенисер работи премногу, а има премали примања за стандардот на планетарно популарниот спорт. Делува дека револуцијата може да тргне однатре“, пишува британскиот весник Телеграф.

Последните недели голем број тенисери се пожалија на тешкиот распоред на турнири, а меѓу нив беше и вториот светски рекет Карлос Алкараз.