Голем удар за Сити - Халанд најави заминување од „Етихад“!

Најдобриот стрелец во Премиер лигата за претходните две сезони Ерлинг Халанд најавил заминување од Манчестер Сити идното лето, тврдат британските медиуми.

Наводно, тој се чувствува подготвен за нов предизвик во кариерата и веќе го известил Пеп Гвардиола за својата намера. Неговиот договор со Сити е до 2027 година, клубот сака да го задржи по неговиот истек, но Халанд не е заинтересиран за такво нешто. Дури се заканил дека ако Сити не го стави на трансфер листа, самиот ќе исфорсира заминување од „Етихад“.

За услугите на Халанд одамна се заинтересирани Реал Мадрид и ПСЖ и тие веќе планираат голема понуда во случај норвешкиот репрезентативец навистина да го напушти Сити.

Откако дојде во клубот од Манчестер во 2022 година, Халанд потврди дека е еден од најдобрите реализатори на сите времиња. На 107 меча во сите натпреварувања постигна 101 гол и има огромна заслуга за трофеите на својот клуб кој со него во своите редови првпат триумфираше и во Лигата на шампионите.