Меч за паметење: Алкараз по три ипол часа фантастичен тенис го освои Пекинг!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои турнирот во Пекинг.

Во финалето кое беше спектакуларно Шпанецот го совлада првиот светски тенисер со 2-1 во сетови (6)6-7), 6-4, 7-6(3), по три часа и 21 минута феноменален тенис.

Се редеа одлични поени од почетокот до крајот. Алкараз прв стигна до брејк и поведе со 3-1 во првиот сет, но при водство од 5-4 му дозволи на Синер да го врати брејкот и да остане во првиот сет. Откако Алкараз пропушти три сет топки, Синер успеа да поведе со 1-0.

Високиот ритам на игра продолжи и во текот на вториот сет. Алкараз во завршицата од сетот стигна до брејк во деветиот гем и сега не дозволи да ја испушти предноста, па израмни на 1-1 во сетови.

Драмата кулминираше во третиот сет. Алкараз дојде до брејк во третиот гем за водство од 2-1 и изгледаше дека тогаш ќе го одлучи мечот. Сепак, Синтер повторно се врати и му го одзема зервисот во осмиот гем за израмнување на 4-4.

На крајот се беше одлучено во тај-брејк каде што Алкараз за нијанса беше подобар и дојде до трофејот.