Судија му се заканувал со смрт на фудбалер, УЕФА го тргна од Лигата на шампионите

УЕФА објави дека направила промена во судиската постава за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу ПСВ и Спортинг.

Сменет е четвртиот арбитар, Италијанцот Фабио Мареска затоа што се најде во центарот на скандал и по итна постапка е тргнат од листата. Според Газета дело спорт, Мареска бил главен судија на натпревар од првенството на Кувајт и притоа на еден од играчите му се заканил со смрт, односно му рекол дека ќе го убие.

Фудбалерот јавно го објавил тоа, а скандалот дошол до УЕФА чиј член е Мареска, па тој повеќе нема да суди натпревари од Лигата на шампионите. На спомнатиот меч, против ПСВ и Спортинг, него ќе го замени сонародникот Даниеле Довери. Натпреварот се игра вечерва од 21 часот, главен судија е Марко Гвида, а ќе му помагаат Чиро Карбоне и Џорџо Перети.