Мбапе требаше три недели да биде во аут, но чудесно ќе биде стартер против Лил!

Килијан Мбапе отпатува со составот на Реал Мадрид на гостувањето кај Лил во мечот од Лигата на шампионите кој на програмата е утре.

Првичните прогнози беа дека на Мбапе ќе му требаат три недели за да ја санира повредата и во игра ќе се врати по репрезентативната пауза.

Но, рехабилитацијата се одвиваше значително подобро од тоа и тој одлета со останатите фудбалери во Лил.

Некои медиуми во Шпанија прогнозираат дека тој дури може да биде и стартер.