Симеоне го обвини Куртоа за хаосот на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)

Дербито меѓу Атлетико и Реал Мадрид на „Ванда Метрополитано“ заврши без победник (1-1), но дуелот беше прекинат во 70. минута кога навивачи почнаа да го гаѓаат голманот Тибо Куртоа со различни предмети.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне по мечот го обвини Куртоа за инцидентот на стадионот во Мадрид.

„За да не се случуваат вакви работи, мора сите да помогнеме. Не го оправдувам однесувањето на нашите навивачи, но ниту на однесувањето на главниот провокатор“, кажа Симеоне.

Реал Мадрид остана на втората позиција со 18 бодови, додека Атлетико е третопласиран со 16 бода.