Борнмут го победи Саутемптон во дербито од југот на Англија! (ВИДЕО)
Домаќините имаа фантастичен прв дел во кој ги постигнаа сите три погодоци.
Саутемптон имаше иницијатива во првите минути, но откако не ја искористи Еванилсон казни во 17. минута за водство на Борнмут од 1-0.
Во 32. минута Кватара постигна гол за водство од 2-0, а само пет минути подоцна Самењо реализираше за 3-0.
По шест минути игра во вториот дел Саутемптон успеа да даде гол преку Харвуд Белис со глава, но во продолжение не успеаа да постигнат уште некој погодок. Борнмут го доби мечот со 3-1.