Барса потпиша нов договор со 17-годишен бисер и му стави откупна клаузула од - 500 милиони евра!
Талентираниот фудбалер претходно имаше соработка до 2026 година, меѓутоа реши да ја продолжи на три дополнителни години по одличните настапи за Барселона.
„Барселона и Бернал постигнаа договор до 2029 година. Откупната клаузула ќе изнесува 500 милиони евра“, соопшти каталонскиот гигант.
Бернал оваа сезона настапи на три меча за Барселона во Ла Лига.