Сити Парк Бојс удри по управата на Работнички: Џабе се сликате, во дупки ќе се пикате!

Лошиот старт на сезоната со убедливи порази од МЗТ Скопје во пријателски и од Сутјеска на стартот од АБА2, предизвика жестока реакција кај навивачите на Работнички, кои прво со транспарент, а потоа и со објава на социјалните мрежи удрија по управата на клубот.

Тие поставија неколку прашања околу финансиската работа бидејќи, како што велат, револтот, кај нив бил огромен.

Работнички новата сезона на домашна сцена ја почнува следниот викенд, а претходно цената на лошите резултати ја плати босанскиот интернационалец Његош Сикираш, кој беше отпуштен.