Михаел Шумахер за првпат по несреќата се појавил во јавност?

Легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер наводно првпат се појавил во јавноста и тоа на свадбата на неговата ќерка Џина.

Џина Шумахер во сабоата во Мајорка правеше свадба и се омажи за Јан Бетхеке со кого беше во долгогодишна врска. Церемонијата се одржала на шпанскиот остров во семејната вила вредна 30 милиони евра, а наводно присуствувал и Михаел Шумахер.

Како што објави „Дејли Мејл“ луксузната вила семејството Шумахер ја откупило од Флорентино Перез, додека гостите на прославата во просториите не смееле да носат мобилни телефони.

За присуството на Шумахер на венчавката пишува и „Билд“.

„Дали Шуми навистина присуствувал на венчавката во сабоата? Можно е. Дури и многу веројатно. Меѓутоа сигурно доколку присуствувал не седел заедно со сите гости, туку во делот само со најблиските“, наведува „Билд“.