Атлетико ги осуди инцидентите во дербито: За такво однесување нема место во фудбалот!

Дербито помеѓу Атлетико и Реал Мадрид во рамките од осмото коло во шпанскот првенство донесе многу тензија, а клубот денеска се огласи и соопштение за целата ситуација.

Ќе потсетиме, натпреварот беше прекинат 15-тина минути откако домашните навивачи фрлаа разни предмети кон голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа. Ниту Куртоа не остана мирен, па ги провоцираше фановите со гестикулации така да продолжат само.

На крајот дуелот заврши 1-1. Погодокот за Реал го постигна Едер Милитао, додека Атлетико изедначи преку Кореа во судиското продолжение.

Атлетико се огради од фановите кои не се однесуваа во согланост протоколите на стадионот и порача дека соработува ос полицијата.

„Клубот соработува со полицијата во пронаоѓањето на виновниците, еден од нив веќе е идентификуван. Во клубот за овој случај ќе примени интерен режим предвиден за сериозни случаи. За вакво однесување нема место во фудбалот. Таквите исклучоци го нарушуваат имиџот на клубот и спектакуларната атмосфера која ја направија повеќе од 70.000 фанови на трибините“, порачаа од клубот.