Шпанците шокирани: Навивачот кој го гаѓаше Куртоа со запалка поседувал и нож!
Натпреварот заврши со резултат 1-1, а стрелци беа, Едер Милитао за Реал Мадрид ов 64. минута и Кореа за Атлетико во судиското продолжение.
Дербито беше во прекин по голот на гостите кога навивачите од трибините фрлија запалки кон голманот Тибо Куртоа. По продолжувањето на дуелот изгледаше дека Реал ќе слави, но Атлетико се извлече во завршницата.
По натпреварот „Ел Чирингуито“ пренесува и дека еден од навивачите кој фрлил запалка кон Куртоа поседувал и нож. Шпанците ваквата ситуација ја пренесуваат како неверојатна и како голем пропуст на организаторите на едно од најголемите дербија во светот.
🚨 BREAKING: One of the fans who threw a lighter on Thibaut Courtois had A KNIFE. @elchiringuitotv pic.twitter.com/VYFF1YAL2l
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 30, 2024