Модриќ уште еднаш ја покажа класата: Единствен е во топ 5 првенства со ваков учинок

Aтлетико и Реал ги поделија бодовите во градското дерби кое се играше во рамките од осмото коло на шпанското првенство на стадионот „Ванда Метрополитано“, а во овој натпревар Лука Модриќ уште еднаш ја покажа својата класа.

Модриќ дербито го започна од првата минута и на теренот беше непогрешлив во довањата. Топката на соиграчите им ја предал 58 пати и 58 пати таа стигнала до нив. Хрватскиот ветеран е единствен во најсилните пет првенства сезонава кој имал 100% успешност во предавањето на топката помеѓу играчите кои имале 40 или повеќе обиди.

Натпреварот Модриќ го заврши во 86. минута кога на негово место во игра влезе Лукас Васкез. На социјалните мрежи беше објавена и реакцијата на Хрватот по голот за водство на неговиот тим кој го постигна Едер Милитао.