Лука Ангелов освои сребро за Македонија на турнир во Албанија
На овој турнир Македонија беше претставувана од Лука Ангелов и Давид Цеков, а на крајот двајцата се сретнаа во меѓусебна борба за полуфинале.
По победата против Цеков, Ангелов запиша уште еден триумф против противник од Романија, но загуби во битката за злато.
Наредниот викенд македонските натпреварувачи ги очекува турнир во Подгорица.