Челси победи со четири гола на Палмер, Арсенал во финишот го сруши Лестер (ВИДЕО)

Кол Палмер одигра неверојатен натпревар и ги постигна сите четири гола во победата од 4-2 на Челси против Брајтон.

Посебно ќе се памети што Палмер со овие четири гола ги постигна во првите 45 минути и така стана првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој постигнал четири гола во првото полувреме.

Се што беше интересно на овој натпревар видовме во првото полувреме, Рутер го отвори резултатот по само седум минтуи игра и донесе водство за Брајтон. Сепак, потоа на сцена стапи Палмер.

Палмер прво го изедначи резултатот во 21. минута, а во 28. минута стрелаше за комплетен пресврт. Веќе во 31. минута го комплетираше хет-трикот. Балеба три минути по третиот гол на Палмер намали на 3-2, но во завршницата Палмер го постигна и четвртиот гол.

Во второто полувреме Челси создаде повеќе прилики, видовме и поништен гол на Кукуреља, резултатот на крајот не се промени.

Арсенал во уште еден ефикасен натпревар со 4-2 беше подобар од Лестер. Мартинели и Тросар во првиот дел обезбедија предност од 2-0 за топџиите“. Изгледаше дека нема да има проблеми за Арсенал во овој натпревар, но во вториот дел Џастин постигна два гола и донесе израмнување на 2-2.

За нов гол на Арсенал се чекаше до 94. минута и повторно стрелец беше Тросар, конечните 4-2 длабоко во судиското продолжение ги постави Хаварец. Арсенал со овие три бода доаѓа до 14 бода колку и што има Манчестер Сити кој денесе ремизираше со Њукасл.

Во останатите натпревари Брентфорд и Вест Хем ремизираа 1:1, Евертон со 2-1 беше подобар од Кристал Палас, а Фулам запиша минимален триумф со Нотингем 0-1.