Лајпциг убедлив без Елмас (ВИДЕО)

Екипата на Лајпциг продолжи со добрите резултати во Бундеслигата и по пет одиграни кола не знае за пораз.

На домашен терен „Биковите“ одиграа одличен натпревар и декласираа Аугусбург со 4-0. Фавортитот до победата дојде со по два гола во двете полувреме.

Бенџамин Шешко одигра одличен натпревар и во четири минути во првиот дел постигна два гола. Во второто полувреме Опенда и Симонс само го потврдија триуфмот.

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас кој ретко добива шанса за овој натпревар беше надвор од конкуренција поради повреда.

Во останатите натпревари Сент Паули стигна до првата победа и на гости кај Фрајбург триумфираше со 0-3, Хајденхајм беше подобар од Мајнц со 2-0, Борусија Менхегладбах славеше минимално против Унион Берлин со 1-0, додека дуелот помеѓу Волфсбург и Штутгарт заврши без победник 2-2.