Брегалница му гостува на Скопје, Македонија ЃП ќе брка победа во Богданци

Денеска на програмата е шестото коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), лидерот на табелата, екипата на Брегалница му гостува на Скопје во Автокоманда, Македонија Ѓорче Петров по двата кикса ќе се обиде да се врати на победничките патеки од дуелот со Вардарски во Богданци.

Брегалница на незгодното гостување кај Скопје ќе се обиде да го освои целиот плен и да се задржи на лидерското место. Арсими кој има бод помалку од штипјани ќе гостува кај Саса во Каменица.

Дерби натпревар има во Гевгелија каде Кожуф ќе го пречека Детонит, Македонија Ѓорче Петров мора да атакува на триумф кај Вардарски во Богданци за да се врати во трката за првото место.

6. коло ВМФЛ:
Скопје - Брегалница
Саса - Арсими
Кожуф - Детонит
Новаци - Беласица
Осогово - Борец
Победа - Охрид
Вардар Неготино - Башкими
Вардарски - Македонија ЃП

Табела: Брегалница 13, Арсими 12, Кожуф 11, Македонија ЃП 10, Детонит 10, Башкими 10, Новаци 9, Скопје 6, Саса 5, Победа 4, Беласица 4, Вардар Неготино 4, Охрид 4, Борец 3, Вардарски 2, Осогово 2.