Второлигашки инцидент и во Куманово - оштетено возилото на еден од судиите! (ВИДЕО)
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека судиите биле попречувани да влезат во соблекувалната, а потоа на еден од нив му било оштетено возилото.
„На 25.09.2024 во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле стадионот забележале дека возилото ‘фиат браво’ со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Претходно се случи инцидент и на дуелот меѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос, кога навивач го нокаутирал голманот на гостите.