Уапсени три лица за уцена на семејството Шумахер - за фотографии од Михаел барале 15 милиони евра
Главен осомничен е 53-годишен маж од Вупертал кој со своите соработници барал 15 милиони евра од семејството Шумахер за да не пушти во јавност приватни фотографии и видео записи. Меѓу нив имало и фотографии од седумкратниот светки шампион во Формула 1, пред и по несреќата на скијање во 2013 година при која доживеа сериозна повреда на мозокот и оттогаш е далеку од очите на јавноста.
Според германските медиуми, фотографиите се од друг маж, од градот Вулфрат кој до 2021 година работел како обезбедување на семејството Шумахер. Се претпоставува дека тој ги продал материјалите за петцифрен износ. Обвинителството тврди дека во јуни години, главниот осомничен во јуни годинава неколку пати контактирал со вработен кај семејството Шумахер, барајќи пари и заканувајќи се дека фотографиите ќе ги објави во јавност ако не биде исплатен.
Во случајот е вмешан и неговиот 30-годишен син кој, на барање на татко му, креирал имејл адреса што е користена за испраќање на примероци од уценнувачките материјали кон семејството Шумахер. Сопругата на Михаел за тоа ја известила полицијата во Швајцарија, каде поранешниот возач престојува последната деценија, а швајцарските истражители ја испратиле информацијата до своите германски колеги со кои се договориле да го следат телефонскиот број преку кој се направени контактите.
На првосомничените, таткото и синот, им се заканува казна од 15 години затвор иако обвинителите спомнуваат дека таа може да биде и помала бидејќи заканите не се спроведени во дело. Лицето кое ги набавило и продало материјалите исто така е под закана за затворска казна, но таа веројатно ќе биде поблага.