Ангеловски: Нема да се штедиме за Вардар на мечот во Букурешт!

Ракометарите на Пелистер утре ќе го одиграат третиот меч во Лигата на шампионите и тоа на гостување кај одличниот досега Динамо Букурешт, кој сезоната ја почна со два триумфи по ред.

Битолчани почнаа добро и тоа со силен отпор на гостувањето кај фаворизираниот ПСЖ, но потоа убедливо загубија на домашен терен од Фуксе Берлин во меч во кој потсетија на минатата сезона во која беа најлош тим во најсилното европско натпреварување. Тренерот Бранислав Ангеловски е свесен за предизвикот кој е пред неговите избраници, особено што неговиот веќе в сабота го очекува тешко домашно гостување кај Вардар.

„Пред нас е важна недела во која ќе му гостуваме на сериозен противник во ЛШ, тим од Романија кој има 8-9 милиони евра буџет. За оваа екипа играат ракометарите кои во минатото настапуваа за Барселона, па не е случајно што имаат две победи по првите две средби. Во Букурешт патуваме со желба да го дадеме максимум, без разлика што неколку дена подоцна играме со нашиот најголем ривал Вардар. Нема да се штедиме, одиме да се натпреваруваме со Динамо и ќе пробаме да изненадиме ако ни се укаже шанса“, рече Ангеловски.