Варан ќе го раскине договорот со Комо и ќе оди во пензија!?

Рафаел Варан ќе стави крај на фудбалската кариера иако има само 31 година, причината е последната повреда од која уште се опоравува.

Варан летово како слободен играч се пресели во Комо, но работите тргнаа лошо за него во оваа италијанска авантура.

Пред еден месец, на меч од купот на Италија, Варан заработи сериозна повреда на коленото по која го напушти теренот после 20 минути игра.

Поради повредата тој не беше пријавен во составот за првиот дел од сезоната во Серија А бидејќи се очекува подолго време да биде отсутен.

„Ла Паризиен“ сега тврди дека францускиот дефанзивец наскоро ќе соопшти крај на кариерата. Одлучил да се пензионира по повредата иако има само 31 година.

Тој планира да го раскине договорот со Комо и да оди во пензија.