Почнува новото издание на Лига Европа - 36 екипи ќе се борат за трофејот!

Со девет натпревари од првото коло денеска ќе почне новото издание на Лига Европа, кое ќе се игра како и Лигата на шампиони (ЛШ) во нов формат.

Промената на форматот значи дека и бројот на дуели ќе се зголеми во елитното европско натпреварување од 96 на 144 меча.

Секој клуб ќе одигра по осум натпревари, односно четири на домашен терен и четири на гостински терен, а првите осум на табелата ќе се пласираат во осминафинале.

Клубовите од деветто до 24. место ќе играат плејоф за нокаут-фазата, додека клубовите од 25. до 36. позиција ќе го завршат настапот во европското натпреварување.