Родри ги оштетил лигаментите, но не е познато колку ќе паузира

Англискиот шампион Манчестер сити соопшти дека шпанскиот фудбалер Родри ги оштетил лигаментите на десното колено, но треба да се извршат дополнителни прегледи пред да се потврди колку време ќе паузира.

Родри се повреди во дербито против Арсенал на „Итихад“ на почетокот на натпреварот, а во медиумите веднаш почнаа шпекулации дека за него е завршена сезоната поради сериозната повреда.

„Манчестер сити може да потврди дека Родри ги оштетил лигаментите на десната нога во мечот против Арсенал. Проценките се во тек, сè уште не е познато колку време ќе паузира“, соопшти англискиот шампион.